До март следната година ЛАГ АБЕР ќе ја подобри визибилноста на Кокино

Локалната акциона група АБЕР 2015 е избрана како една од организациите која ќе добие субвенција од вториот повик на Амбасадата на Република Франција за партнерство со македонското граѓанско општество.

Проектот се однесува на подобрување на визибилноста на локалитетот Кокино и негово прилагодување за потребите на туристите.  

Од здружението велат дека сосема малку е направено за Кокино во тој поглед, а и досегашните вложувања немаа одржливост. Денес, Кокино се наоѓа во незавидна ситуација, поради уништената патна сигнализација која го отежнува доаѓањето на туристите, како и згаснувањето на официјалниот сајт на локалитетот, оштетените и уништени информативни табли, поради што локалитетот не може да понуди организирано движење на посетителите и нивна анимација без ангажирање на локален водич.

Увидувајќи ги овие недостатоци, ЛАГ АБЕР 2015, заедно со Музеј Куманово како еден од оснивачите на ова здружение, изготвија предлог-проект до Француската амбасада, во кој се наведени споменатите недостатоци и предлози за нивно решавање.

Предлогот е одобрен и активно се работи за негова реализација, а според програмата, интервенциите ќе завршат до март 2020 година, информираат од ова здружение.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)