Автомобил од лозот „Биди ВИП вози ЏИП“ заврши во Лисиче

Инстант лозот Биди ВИП  вози ЏИП на Државна лотарија на Македонија донесе уште еден автомобил и усреќи уште еден играч. Ивона Јовановска од Долно Лисиче, скопско, по една прошетка во Капитол Мол го посетила и среќното место на Државна лотарија лоцирано во Молот.

Купила три инстант лозови БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП и се упатила во кафулето каде ги изгребала и лозовите. Во моментот кога келнерот ги послужувал таа на сиот глас извикала „ЏИИИП“. И околните гости во кафулето станале да го видат лозот и добивката, најпрво во неверување, но потоа на сите им било јасно дека штотуку ја запознале новата среќна добитничка на Jeep Compass.

 Ивона веднаш се вратила на продажното место на Државна лотарија на Македонија во Капитол Мол, каде и ја потврдиле добивката и и ги дале инструкациите за пријавување на истата.

Девојката која работи во ова среќно место има навистина среќна рака, бидејќи втор пат продава инстант лоз со главна добивка џип.  

Ивона е пресреќна бидејќи својот досегашен автомобил Југо ќе го замени со нов Jeep Compass, а на сите играчи им порача да веруваат во својата среќа и да играат и гребат инстант лозови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)