Администрацијата денеска го чистеше Куманово

Вработените во администрацијата во општината, судот, управата за јавни приходи, катастарот, централниот регистар, јавните претпријатија, музејот, центарот за култура и други институции денеска се вклучија во акцијата за чистење на градот, која се спроведува со иницијативата Не биди ѓубре, а ја иницираше Владата. Во Куманово се чистеше пред градскиот базен, спортската сала, зад училиштето Перо Наков, градскиот парк, централното подрачје и зелениот пазар.

 -Се надевам дека оваа акција која што започна денеска ќе премине во една пракса која во иднина ќе ја практикува администрацијата и ќе зеде активно учество во спречување, чистење но и да реагира превентивно за развивање на свеста кај граѓаните. Точната бројка не ја знаеме меѓутоа како што реков вклучена е Општина Куманово, јавните претпријатија, институциите на централно ниво, УЈП, катастар, централен регистар, Основен суд, музеј Куманово, имаме информации дека и МВР организира своја акција пред нивното седиште, така што мислам дека сите институции се вклучени со администрациајта со која што располагаат-посочи Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и Зеленило“.

На овој начин административците го одработија 2-ри јануари, кој беше неработен ден за сите вработени во јавната администација.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)