Активности на „Кумановски акцијаши“

„Кумановски акцијаши“  заедно со дел од армиско -полициските ветерани Денот на пролетта -21 март ќе го одбележат со еколошка акција во општина Старо Нагоричане. Станува збор за акција на уредување на дворното место и околината на основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“  во селото Драгоманце, активност која што изминатиот период е договорена со надлежните во училиштето, информира Јусуф Љатифи, претседател на ЗГ „Кумановски акцијаши“

-Тоа е само првата акција, инаку по повод Денот на пролетта ќе имаме и други активности. На 24 март ќе имаме заедничка акција со новоформираното здружение на акцијаши од Крива Паланка. Ние како постаро здружение ќе бидеме гости на нивната акција каде што ќе учествуваме со 20 наши членови со цел промоција на волонтерството, акцијаштвото и акциите за заштита и унапредување на животната средина. Веднаш потоа наредната недела уште една еколошка акција на пошумување на Градскиот парк во соработка со Синдикатот на јавното претпријатие „ Чистота и зеленило“ и на крај на месец април наша делегација заминува на меѓународна  средба на акцијаши  во Република Србија, во Аранѓеловац , изјави Јусуф Љатифи, претседател на ЗГ „ Кумановски акцијаши“  

Во Стариот градски парк ќе бидат засадени 500 садници симболично во знак на пет века постоење на градот, вели Јусуфи.

Инаку, еколошка акција на први април годинава по повод Денот на работните акции ќе биде организирана и во средното стручно училиште „Киро Бурназ“ , чии што ученици од самиот старт на функционирањето на здружението „Кумановски акцијаши“ , од април 2015-та година, се дел од волонтерска акцијашка група.

-На 22 април , Ден на планета Земја планираме еколошка акција во ООУ „ Кочо Рацин“ , а потоа следуваат активности кои значат започнување на интервенција на локалниот пат кон манастирот Карпино, изјави Љатифи.

Здружението на граѓани „Кумановски акцијаши“  деновиве ќе потпише и Меморандум за соработка  со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ и Домот за стари лица „Зафир Сајто“, посочува Љатифи.

Коментари

коментар(и)