Активности на Стопанската Комора за фотографска и видео дејност (видео)

Од основањето во октомври, минатата година, Стопанската Комора за фотографска и видео дејност оствари повеќе активности низ осумте региони во државава. Вчера се сретнаа во нашиот град за да ги утврдат следните проекти или поточно начинот на делување во услови на протоколи и директната сврзаност со угостителскиот сектор. Генерално се задоволни со третиот и четврти сет мерки, но сепак, појаснуваат дека најмногу остануваат погодени микро правните субјекти од оваа област. Неорганизирањето на свадби и други видови семејни веселби влијаеше врз фотографската и видео дејност, а исто така не помалку важен фактор беше недоволната комуникација помеѓу самите членови на комората. Миле Спасов, нејзиниот претседател, има повеќе детали.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)