Активно се работи на „Хотел Солун“

Активно работиме на проектот за обнова на поранешниот „Хотел Солун“, објект по кој е познато наше Куманово, изграден уште во првата деценија на 20 век, информираше на Фејсбук, првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски.

Согласно проектот ќе се задржи автентичниот изглед, а покрај конзервација, реставрација, санација и адаптација на објектот, предвидено е и обнова на ентериерот, опремување на просториите со мебел, организација на музички настан, обуки и други активности.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)