Активот на жени на НСДП утре организира панел дискусија

По повод 16 дена женски активизам, Активот на жени на општинската организација на Нова социјалдемократска партија ќе организира панел дискусија. Активноста е на иницијатива на претседателката на жени на НСДП Марија Тодососка, претседателката на жени на Либерална партија Јасмина Димовска и претседателката на жени на општинската организација на НСДП во Куманово Маја Насковска.

На панел дискусијата ќе бидат застапени теми во врска со ратификацијата на Истанбулската конвенција, односно ќе се дискутира за видови и форми на институционална нееднаквост помеѓу жените и мажите, еднакво позиционирање на жените и мажите во политиката , како и економска стабилност на жените изразена преку зголемување на жените претприемачки во РМ.

-Ние како лево ориентирана социјална партија се залагаме заедно со нашиот претседател Тито Петковски секогаш да се вклулчиме во ваквите активност кои што ќе и овозможат на жената да дојде до поголем израз и до поголем успех. Јас како претседател на жени на НСДП Куманово исто така се залчагам за почитување на Истанбулската конвеција и нејзина ратификација што во последен период придонесе до многу голем успех. Во последно време бројот на жените се зголемува на листите на советниците, така што на последната листа со советници секоја трета жена беше позиционирана на истата, а се зголемува и бројот на жени во Собранието на РМ, изјави Маја Насковска, претседателка на Активот на жени на НСДП, Куманово

Панел дискусијата ќе се одржи утре, во кружната сала во зградата на поранешен комитет , со почеток во 12 часот.

Насковска ги повикува сите членки, симпатизерки, претседатели и претседателки на сите политички партии , претставници на невладини организации и здруженија и сите заинтересирани граѓани на Општина Куманово утре да бидат дел од панел дискусијата .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)