Акции за чистење во приградските населби

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ ги повикува граѓаните на Куманово да дадат придонес во заштитата и зачувувањето на животната средина вклучувајќи се во еко-акцијата што ќе биде организирана во сабота, во близина на поранешната фабрика Монопол. Станува збор за четврта акција годинава во која што екипите на комуналното претпријатие во соработка со месното населние ќе работат на расчистување на шут, наноси од песок, кал, сечење на гранки и расчистување на некои помали диви депонии.

– Пред три недели повторно ја започнавме таа акција. Како јавно претпријатие веќе извршивме чистење на три локации, во МЗ „Тоде Мендол“, пред влезот на село Романовце, кај мостот,  пред влезот на населба „Вера Которка“,а  минатата сабота се вршеше чистење во населбата Гоце Делчев.  За оваа сабота е предвидено чистење зад стар Монопол и ќе ја искористам оваа прилика да ги повикам сите заинтересирани граѓани кои што сакаат да се вклучат да дадат свој придонес и да се вклучат во акцијата и да апелирам до оние несовесните граѓани да се воздржат од повторно создавање на тие диви депонии, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“  

Што се однесува до дивата депонија на влезот на населбата „Перо Чичо “,Стојчевски посочува дека иако согласно законот , јавното претпријатие не е надлежно за нивно расчитување, сепак повеќепати изминативе години излегуваат во пресрет на граѓаните кои што живеат во тој дел од градот и ја расчистуваат посочената локација.

-Само изминатата година ние направивме околу девет или десет акции за чистење. Оваа година мислам дека направивме три или четири акции за чистење, благодарение на приватни фирми кои што донираа опрема и ресурси за да може да ја исчистиме таа дива депонија бидејќи се потребни поголем број на багери, камиони со кои што претпријатието не располага. Ние дадовме учество само како човечки ресурси , нашите екипи влегоа во таа акција , меѓутоа за жал ако отидеме сега повторно на таа локација ќе можеме да забележиме поголемо количина на смет. Веќе сме во разговори со Општина Куманово, со изведувачот во делот на пругата што се работи во тој дел и интенцијата ќе биде да направиме напори повторно во многу близок период да ја исчитиме таа локација . Повторно ќе бараме учество од некоја од приватните фирми , стопанственици во градот Куманово и да се обидеме. Мислам дека таму ќе мора да се направи некоја физичка бариера за да може да ги спречиме несовесните граѓани во тој дел повторно да го одлагаат сметот , отпадот таму за да ја спречиме таа појава која што е веќе стандардна, изјави Стојчевски.

Стојчевски се надева дека ќе се крене еколошката свест кај граѓаните и во иднина нема да има потреба да се ангажираат екипите на комуналното претпријатие за извршување на задачи за кои што согласно закон не се надлежни.

Од јавното претпријатие велат дека во наредниот период ќе ја утврдат динамината за чистење по месните заедници, за која што благовремено ќе бидат известени сите граѓани.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)