Акции за чистење на градот

Јавното претпријатие  “Чистота и зеленило”  започна со еколошки акции во градот. Акции за чистење на делови од Куманово ќе се организираат секоја сабота, а како што најавуваат надлежните овој викенд, екипите на комуналното претпријатие ќе бидат во населбата Перо Чичо, во близина на Амбулантата и основното училиште Христијан Карпош. Од Чистота и зеленило ги повикуваат граѓаните доколку се во можност да се приклучат на еколошките акции за да го разубават своето место на живеење.

Граѓаните  ја поздравуваат одлуката на јавното претпријатие да го чисти  градот и покрај тековното одржување , кое што ќе се одвива нормално според утврдената програма. Кумановци признаваат дека дел од граѓаните имаат ниска еколошка свест и самите ја загадуваат животната средина.

Првата акција за чистење „Чистота и зеленило“  ја реализираше изминатиот викенд  во близина на средното стручно училиште Перо Наков , во  станбениот комплекс кај лулашките  .

Коментари

коментар(и)