Акција за заловување бездомни кучиња

Со првата акција за заловување на бездомни кучиња од новиот тендер кој го доби ветеринарско сточарскиот центар „Тодор Велков  се заловени 24 кучиња, информираат надлежните од комуналната инспекција. Акцијата ќе трае една година односно до завршување на финансиските средства кои што се предвидени со тендерот.

– За разлика од минатиот тендер оваа година има предвидено 800.000 денари без ддв, средствата во однос на минатата година предвидените се поголеми меѓутоа во однос на цените кои се во рамките на законските одредби се помалку така што годинава за едно бездомно куче е одредено шест илјади денари така што ќе биде малку тешко во однос на реализација на предвиденото, меѓутоа тоа е тоа, се надеваме на некоја помош од Владата на РМ која би требало да излезе во пресрет, не само на нас туку комплетно во рамките на РМ, изјави Гордан Таневски, комунален редар

Кучињата ќе се заловуваат, ќе се изврши стерилизација, вакцинанција и прочистување од ендо паразити на бездомните кучиња и кучињата ќе се идентификуваат со микро чип и околувратник во боја. Ова е новина согласно законските одредби, изјави комуналниот редар Гордан Таневски.

-За информација на граѓаните ние имаме пријави од граѓаните на Oпштина Kуманово дека на неколку локации има видено дека се пуштаат бездомни кучиња од поголеми товарни возила така што Општина Куманово ќе поведе постапка во СВР Куманово за непознат сторител за да се дојде до сторителот, инаку,  така ако се продолжи тешко дека ќе може да се успее со овие средства, изјави Гордан Таневски, комунален редар

Минатата година, соопштија одговорните, беа заловени 350 кучиња скитници. Општина Куманово е единствената во државата која овој тендер го реализира на годишно ниво.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)