Акција за чистење зад Мaj маркет

Урбаната месна заедница Панче Пешев ги информира граѓаните, жители на околните згради зад поранешен Мај маркет во сабота во 07:30 часот да учествуваат во акција за чистење.

„Ве замолуваме ако сте во можност да излезете и да дадеме придонес за нас, нашите деца, да ја уредиме нашата маала“-се вели во соопштението.

Акцијата ќе се одржи во соработка со јавното претпријатие Чистота и Зеленило.

Коментари

коментар(и)