Акција за чистење на речните корита и канали

Општина Куманово деновиве започна со акција за чистање на речните корита и  канали во градот и периферијата. Утринава се уредуваше кaналот на Поток Серава, а во нередниот период ќе се чистат и  реките Липковка, Којнарка и Кумановка. За акцијата која е со цел навремено спречување на опасности од можни поплави, се одвоени два милиони и осумсто илјади денари.

-Тендерската постапка е завршена пред дваесетина дена, меѓутоа бевме ангажирани на теренот на Стајковци, Арачиново и Ченто. Моментално се наоѓаме на влезот на Серава тоа е најголемиот канал за атмосферска вода која оди од Мачjа глава од Романвоце, бидејќи тука е најголемо сливно подрајче самите забележувате дека е исчистено максимално отворање и заштита со решетки, така што на некој начин безбедноста на овој дел од градот е гарантирана за поголем обем на вода- изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Тој се надева дека со сечење на грмушки и диви израснати стебла ќе успеат да ги ослободат и останатите речни корита, за да може да ја примат водата во кризните состојби, кога се очекуваат големи врнежи.

-Отворено прашање на општина Куманово е каналот покрај автопатот кој е на Aгенцијата за државни патишта и мислам дека тука е исто така сериозен проблем особено на каналот кој се прекинува некаде кај населбата Тоде Мендол и не конектира доле со реката Липковка и е проблем за поголеми обилни и сливни поплави. Исто така и оној дел кај Старата кланица и Туш мостот каде имаме доста нараснување на диви гранки, растенија, фрлен шут, од немарност, повторно ќе кажам до граѓаните и апелирам да бидат совесни да ја чуваат животната средина -додаде Дамјановски.

Акцијата за чистење на речните корита и канали ќе трае до средината на септември.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)