Алберт Камберовски – претседател на ПЦЕР Куманово

Алберт Камберовски е избран за нов претседател на општинскиот огранок на Партијата за целосна еманцијапција на Ромите од Република Северна Македонија во Куманово на синоќешниот состанок одржан во кружната сала во зградата на поранешен комитет. Изборот  на новиот претседател кој што ќе раководи со општинскиот огранок на ПЦЕР во Куманово во наредните четири години се направи во присуство на претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимоски, кој што е и пратеник во Собранието и на министерот без ресор за имплеметација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во државата Музафер Бајрам.

Претходно, досегашниот претседател на партијата во Куманово, Севџан Сулејмановски говореше за актуелната состојба на ромската заедница во градот.

Според Сулејмановски, најгорливиот проблем со кој што се соочуваат Ромите во Куманово е вработувањето.

Во своето обраќање пред присутните во салата, претседателот на ПЦЕР, Ибраимоски посочи дека партијата е најстара, прва ромска партија регистрирана во државата, пред 29 години која што се залага за подобрување на состојбата на Ромите во сите сфери на општествениот живот.

„Во последните две години, потенцираше Ибраимоски обезбедени се 3 милиони и 700 илјади денари за асфалтирање на неколку улици во Средорек, а дополнително предвидени се и средства за асфалтирање на улици во Бавчи, но не знам дали е отпочната реализацијата, изјави Самка Ибраимоски, претседател на ПЦЕР

Што се однесува до вработувањата, претседателот на ПЦЕР, Ибраимоски рече дека од вкупно 1,3 проценти вработени Роми во државата, еден процент се вработени во јавните претпријатија, а само 0,3 отсто во јавните, државните институции, што според него, е многу малку.  Тој ги информираше членовите и симпатизарите за вработувањата што ги издејствувале во повеќе центри за социјални работи во повеќето градови, во министерството за правда, во дел од општините, а во Куманово се очекува лице од ромската заедница да биде вработено на царина.

Ибраимоски потенцирше  дека ПЦЕР е стабилна партија со добра организациона поставеност, со квалитетен кадар кој што како и досега и во иднина ќе се залага за подобар статус и живот на Ромите во државата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)