Ален Исламовиќ: Нудиме можност за чиста и квалитетна вода!

Граѓаните наскоро ќе имаат можност да набават квалитетни машини за филтрирање на водата со што ќе си обезбедат почиста и поздрава вода, а со тоа и подолг живот. Претставници на светски познатата фирма Nobel Water Systems деновиве ја претставија фирмата и бенефитите од филтрирањето на водата пред кумановска компанија и најавија можна соработка.

Маркетинг директорот на компанијата со седиште во Загреб, Ален Исламовиќ е сигурен дека како фирма им пружаат на луѓето можност за најквалитетна вода за пиење и домаќинство, без бигор, бактерии, вируси.  

-Работиме на системот продажба и дистрибуција на многу квалитетни и врвни машини за филтрирање на вода, почнувајќи од самото домашно филтрирање на водата, во мали фирми, во компании, во болници, клиники, секаде каде што постои можност да ја прочистиме водата ние сме тука. Ние сме сигурно една од најдобрите и најквалитетни фирми кои можат да им пружат на луѓето најчиста вода, отстрануваме каменац, разни бактерии, вируси, ако луѓето се занимаат со земјоделство, копаат некои бунари па ископаат вода, ние сме тука за да можеме таа вода да ја профилтрираме, прочистиме и луѓето да ја пијат, а исто така може да им се помогне и на луѓето кои се занимаваат со сточарство кои одгледуваат крави, овци.  Денеска сме тука првпат на состанок и имаме доста поддршка од градоначалникот и му благодарам на градоначалникот на Скопје, а поддршка имаме и од градоначалникот на Куманово, така што се надеваме дека најверојатно доста ќе контактираме со тие луѓе за да го прошириме тој бизнис, а воедно и ние сме запознени со состојбата на водата во Македонија дека е доста лоша, не само во Македонија, туку и во Војводина, изјави Ален Исламовиќ, маркетинг директор на Nobel Water Systems.

Исламовиќ се надева дека бизнисот ќе го прошират, а тоа ќе придонесе и за локалниот економски развој на нашиот град.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)