Амбасадорката на Црна Гора во Куманово

Амбасадорката на Црна Гора во РСМ Марија Петровиќ, заедно со директорот на Управата за дијаспора Предраг Митровиќ, а во присуство на градоначалникот Максим Димитриевски вчеравечер одржаа работна средба со претставниците на црногорската заедница од Куманово. Целта, како  што посочија надлежните е вмрежување и поврзување со припадниците на оваа заедница од нашиот град.
Амбасадорката Петровиќ ја посочи успешната соработка со Опшина Куманово, како и со нашата држава во повеќе обалсти, со верување дека соработката во иднина ќе се продлабочува и  ќе се вложуваат поголеми напори да се унапреди статусот  на малцинските народи.

-Црногорците во Северна Македонија не се препознаени како уставна категорија и секако тоа е нешто што на некој начин може, да не кажам загрозува,  туку на некој начин не помага во целосното остварување на правата и во врска со тоа се надевам дека Северна Македонија ќе има дополнителен сензибилитет кон Црногорците и дека заедно ќе работиме на унапредување на положбата на малцинските народи. Црногорците овде се препознаени како лојални граѓани на оваа држава и навистина беа конструктивен партнер во сите напори и настојувања да се креира овде едно демократрско зрело и просперитетно општество. Се надевам дека токму малцинствата претставуваат значајна спона и мост во соработката на двете држави и во наредниот период задачата на Црна Гора и на СМ ќе биде меѓусебно да се грижиме за малцинските народи,  односно за Црногорците во СМ и за Македонците во ЦГ, рече Марија Петровиќ, Амбасадорка на Црна Гора во Република С.Македонија

Градоначалникот Димитриевски, исто така, потенцирајќи ја успешната соработка меѓу двете држави и Општина Куманово пред присутните рече дека Црногорците можеби ги има малку, но се правилно распоредени и во Куманово и во нашата држава. Тој објасни дека во Куманово има 11 дефинирани етнички заедници помеѓу кои што е и црногорската етничка заедница и согласно Законот има формирано Комисија за односи меѓу етничките заедници.

-Согласно Законот таму е дефинирано постојани членови на комисијата, но тука сакам да апострофирам дека секоја етничка заедница која што ќе покаже интерес дополнително може да биде кооптирана во таа комисија , конкретно случајов е со црногорската етничка заедница која што не е застапена и би било добар пример да се направи една иницијатива и да добиете два члена во составот на таа комисија за етнички заедници. Ние сме мултиетничка општина каде што сите граѓаните имаат еднакви права и можности, а особено е битно да се задржи тој примат на малите етнички заедници и да не се искоренат самите. Општината стои отворена за соработка и јас сум подготвен како градоначалник и воедно и Советот на Општина Куманово да ја продлабочуваме таа соработка ,рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.  

Димитриевски посочи дека во моментов нема припадници на црногорската етничка заедница на висока позиција во Куманово, но во иднина со заеднички заложби состојбата може да се смени, истакнувајќи дека припадник на оваа етничка заедница два мандати беше директор на Ученичкиот дом во Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)