Амбасадорот Бејли го посети Кокино

САД веќе десетина години се вклучени во напорите да се заштити локалитетот Кокино, кој што многу кажува за историјата на овој регион и е важно да се зачува автентичноста. Затоа во соработка со Музејот на град Куманово и локалната акциона група „Абер 2015 “ почнавме да работиме на поставување на патокази, инфо табли, на мобилна апликација рече при денешната посета на мегалитската опсерваторија американскиот амбасадор Џес Бејли.

-Сите знаци што се поставени тука сите објаснувања се многу важни за да се сфати астрономското значење на Кокино,но исто така ќе можете да видите и оградата е тука поставена затоа што некои делови се многу кршливи заради природата на каменот и е важно да се заштитат затоа што биле направени исекотини уште пред 3.000 години и сакаме да ги зачуваме уште толку, изјави Џес Бејли , амбасадор на САД во РМ

Со инфраструктурните реновации преку проектот на УСАИД амбасадорот Бејли се надева дека  ќе се привлечат уште повеќе туристи на Кокино кои пак ќе донесат бенефиции за локалната економија.

-Кокино е Владин проект четиригодишен проект на кој што веќе се работи на инфраструктурата, а се со цел уредување на пристапните патеки на патот, поставување на мала сувенирница, на мал музеј, мал ресторант,оградување на самиот локалитет, а се со цел да се стави во туристички цели, изјави Анита Цветановска, директор на НУ „Музеј“ Куманово

Бројни експонати пронајдени на овој локалитет  утре ќе бидат изложени во уметничката галерија во Куманово. Изложбата е под покровителство на министерството за култура.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)