Амбасадорот на ЕУ ја посети општината

Новиот амбасадор  на Европска унија во Македонија, Самуел Жбогар, денеска ја посети Општина Куманово, при што се сретна со градоначалникот Зоран Дамјановски. Се работи за протоколарна посета на градот, како најголема локална заедница. Амбасадорот се информираше за комуналните проблеми и начинот на менаџирање.

-Во име на граѓаните на Куманово и во мое лично име се заблагодарив на Европската канцеларија за поддршката на Куманово и се она што го прават за да ги детектираат локалните проблеми. Разговаравме за други сегменти, за развојот на еокномијата, миграцијата, перспективите на младите луѓе и образованието, она што е главна тема од локален карактер и мислам дека најдовме многу заеднички ставови во однос на излезот и перспективите на Општина Куманово—нагласи првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.

Амбасадорот истакна дека нема да се справува само со политички проблеми и прашања сконцентрирани само за Скопје, туку и за локалните самоуправи.

-Во општините се вистинските проблеми кои ги засегаат самите граѓани, а се поврзани со водоснабдувањето, канализација, образованието, економските проблеми и ред други прашања со кои се соочуваат самите општините. Како што веќе спомна градоначалникот на Куманово имавме добра дискусија, научив многу прашања кои го засегаат Куманово како општина, научив за процесот на децентрализација со проблемите со кои што се соочува овој процес нешто повеќе и за економските проблеми  – изјави Самуел Жбогар, Амбасадор на ЕУ во Македонија.

По средбата градоначалникот и амбасадорот се упатија во Дневниот центар за деца со посебни проблеми, кој се наоѓа во близина на поранешен Чик.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)