„Ангел Шајче“ – пилот градинка во нов проект

Министерството за труд и социјална политика ја вклучи  „Ангел Шајче “ како пилот градинка во нов проект што ќе се имплементира во соработка со УНИЦЕФ и со поддршка на британската Влада. Како една од најдобрите градинки во државата , „Ангел Шајче“ ќе биде дел од реализација на проектот насловен „Јакнење на социо-емоционалните вештини кај децата и кај воспитувачите како предуслов за развој на когнитивните можности кај децата“ , информира директорката Марина Алексовска.

-Ќе бидат вклучени две групи од самата установа за кои што самите едукатори и подржувачи, ментори ќе имаат обука во текот на месец јануари и февруари. Немаме никакво померување од самата програма, од нашата Национална програма за рано учење и развој, меѓутоа тука ќе се работи на техники и вештини на самите воспитувачи за смирување и создавање на една стимулативна опуштена интерактивна атмосфера каде што ќе можат децата да учат онолку колку што пројавуваат интерес и да ги прилагодиме спрема нивните интереси и можности да ги стекнуваат новите знаења, умеења и вештини, изјави Марина Алексовска, директор на ЈОУГ „ Ангел Шајче “

Имплементацијата на проектот за јакнење на социо-емоционалните вештини кај децата и кај воспитувачите како предуслов за развој на когнитивните можности кај децата ќе трае две години.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)