„Ангел Шајче“ со слет за пет века Куманово

Под мотото „Ние сме ветрот на бесконечноста“ , 420 деца на четири и петгодишна возраст од градинката „Ангел Шајче“ денеска ја изведоа музичко-ритмичката програма „Слет“ во спортската сала со што дадоа свој огромен придонес во одбележувањето на петвековниот јубилеј на градот. Преку игра, песна и музика дечињата ја претставија историјата и традицијата на својот град, од минатото до сегашноста.

-Целата приказна беше раскажана преку четири формации. Прво децата за време на традицијата беа во формација на кратенката „КУ“, потоа она современо етно преку бројот 500, покажавме колку години одбележува градот, потоа доаѓа она современо што децата сега го живеат, времето поп-денс каде направија формација на лого на градинката „Ангел Шајче“. Децата се ветрот на бесконечноста. Со последната формација ја испратија пораката дека тие се ветрот на бесконечноста. Да се зборува за иднината мора да се вратиме и да погледнеме во минатото, изјави Марина Алексовска директорка на ЈОУ Градинка „Ангел Шајче“. “

За да го подготват получасовниот слет, децата заедно со воспитувачките под менторство на директорката Алексовска вежбале неуморно две недели.

– Вакви манифестации се подготвуваат повеќе време, но нашите деца заедно со тимот од градинката успеаја да го подготват слетот за само 14 дена, денеска на 15-от ден се претставуваат пред публиката, изјави Марина Алексовска, директор на детска градинка „Ангел Шајче“

Со ваква генерација млади луѓе, вели градоначалникот Максим Димитриевски ќе го оставиме градот во сигурни раце, да продолжат таму каде што ние ќе застанеме.

-Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите нив, на родителите и секако на воспитачите, негувателите и сите оние кои што беа составен дел од тимот да се реализира вакво нешто. Многу одамна поминаа времињата кога имавме вакви слетови во јавни објекти и еве таа традиција се возобновува, честики до ЈОУ „Ангел Шајче“ за сето она што го прикажаа денеска, но сепак мора да оддадеме најголемо признание на тие мали актери кои во краткото претставување во триесетина минути не направија горди на сите нив, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Димитриевски ја искористи приликата да ги повика граѓаните за масовна посетеност на концертите на градскиот плоштад што ќе се одржат на осми, деветти и десетти ноември, по повод 500 години постоење на Куманово.

Коментари

коментар(и)