„Ангел Шајче “ ја одбележува детската недела

Под мотото  „Имам право на среќно детство“ годинава се одбележува детската недела во градинките и училиштата во Македонија. Традиционално, по повод Светскиот ден на детето со бројни активности се вклучува и детската градинка „Ангел Шајче“ со своите осум објекти и два центри за ран дестки развој, информира директорката Марина Алексовска.

-Првиот ден денеска се запознаваат со правата на децата, меѓутоа исто така имаме во текот на неделата организирање на крос, цртање на плочник во дворот на градинката, избираме златен глас, маскенбал, игри без граници на ниво на секој објект. Исто така по повод детска недела нашата установа е вклучена во одржување на традиционални Игри без граници во кои што се вклучени осум градинки од Македонија, така што минатата година ние бевме домаќини, а оваа година е „Детска радост“  во Гази Баба и таму во спортска сала децата од објектот Синоличка ќе се дружат со деца од други седум градинки од државата.

Во рамките на одбележувањето на детската недела, градинката „Ангел Шајче“  секоја година организира и хуманитарна акција насловена „ Дарувај од срце“

-Децата нашите штитеници даруваат стара облека, обувки, сликовници и во соработка со центарот за социјална работа тие работи ги предаваме и ги донираат на децата на кои што навистина им се потребни. Воедно и повод запишување, зачленување на децата во прво одделение, нашите деца од голема група во најблиското  училиште присуствуваат на свечениот прием на децата првачиња во детското здружение на РСМ, изјави Алексовска.

Детската недела во нашата држава  се одбележува во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Инаку, правата на децата се регулирани со Конвенција за правата на детето, усвоена од  Обединетите нации во 1989-та година.

Со тоа заштитата на децата на меѓународно ниво го доби најзначајниот акт за заштитата на децата како документ кој има најголем број на ратификации од државите, декларирјаќи ја цврсто изразената волја за подобрување на правата на децата, особено изразени со конвенциските одредби за заштита на правата и можноста за партиципација во активности, како и воведување на минимум стандарди за здравствена заштита, образование социјална заштита.

Коментари

коментар(и)