„Англунипе“ повторно со хуманитарна акција

За само една недела Ромите од дијаспората повторно со помош за нивната етничка заедница во Куманово. Со паричните средства хуманитарната организација „Англунипе “ како и во првата хуманитарна акција подготви прехранбени пакети кои што вчера попладне беа донирани на најзагрозените семејства во Средорек.

-Пристигнаа пари за втората акција, имаат желба да помогат на  ромската заедница  која што е дискриминирана од ова општество,  Ромите во дијаспората знаат од каде потекнуваат и на кого сакаат да помогнат. Денеска ќе донираме на  осум семејства и на едно семејство без електрична енергија во домот , изјави Мерџан Демирали, претседател на НВО „Англунипе“

-Благодариме што нашите Роми во странство мислат на нас, а благодарност и до невладината организација„  Англунипе“ која им помага на најсиромашните, изјави анкетиран граѓанин од Средорек

Хуманитарната акција продолжува. Веќе се прибираат дополнителни парични средства , вели Демирали и за многу краток временски период помош од ромите во дијаспората ќе добијат уште неколку семејства.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)