„Англунипе“ подели пакетчиња на деца Роми

Хуманитарното ромско здружение „Англунипе“ денеска подели 80 новогодишни пакетчиња на деца од социјално загрозени ромски семејства.

-Ова е голем ден за мене, секогаш го чекам со нетрпение кога ќе ги гледам овие насмеани лица, ме охрабруваат и ми даваат поттик да не запреме со оваа акција и да ја правиме и понатаму. За овој настан да го организираме ни помогна Мултимедија, ресторан стара Баба Цана, Оли травел и ресторан Браво. Да изразам голема благодарност до нив и се надевам дека оваа традиција нема да престане. Минатата година доделивме за 400 деца пакети, кои беа донација од дијаспората, односно Ромите кои живеат надвор од државата. Во оваа донација учествува и Иван Исцелител кој сакаше денеска лично да ги додели пакетчињата-посочи Мерџан Демирали, претседател на хуманитарно здружение „Англунипе“.

-Како и секоја година и оваа традиционално 5.000 пакетчиња на ниво на државата доделуваме и овде во Куманово. Ни останува уште Скопје, секогаш донираме за социјално загрозени деца во државата-истакна Иван Исцелител.

Акцијата здружението ја организира 14-ти пат по ред.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)