Андонов: Спасовски го крши Законот за избори

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи,Оливер Андонов денеска оствари работна посета на СВР Куманово. Освен што се запознал со безбедносната состојба на подрачјето што го покрива и со подготвеноста на СВР Куманово за спроведување на изборите, на денешниот состанок Андонов  укажал на раководството за вршењето на мобинг врз полициските службеници. Според него, согласно Законот за избори и укажувањето на државната комисија за антикорупција,утврдено е дека се забрануваат какви било преместувања и со решенија и со времени решенија или со наредби во периодот откако се распишуваат изборите, па се до формирање на новата Влада.

-Тоа значи дека од 18.10 оваа година престануваат сите активности,по однос на  преместување на луѓето и како што во повеќе наврати предупредив,министерот Спасовски,кој е министер во Влада за спроведување избори го крши Законот отворено и врши преместувања на лица вработени во СВР Куманово со наредба која е противзаконита, изјави Оливер  Андонов, дополнителен заменик министер за внатрешни работи

Андонов потенцира дека денешната посета била и со цел уште еднаш на началникот на СВР Куманово да му издаде  и лични наредби и укаже на тоа дека не смее да го крши законот, бидејќи МВР е тука да го штити законот и интересот на граѓаните, а не да го прекршува. Тој уште еднаш рече, дека единствено што треба да работат полициските службеници е да го почитуваат законот и да ги штитат граѓаните.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)