Анеката на МЦМС: Димитриевски најдобар градоначалник од редовите на СДСМ

Половина од граѓаните сметаат дека нивниот градоначалник не заслужува да биде реизбран, покажа Анкетата на МЦМС за локалните избори. Вкупно 57% од етничките Албанци сметаат дека нивниот градоначалник заслужува да биде реизбран за разлика од 37,9% од етничките Македонци.

Според Анкетата тројцата најдобри градоначалници се: Митко Јанчев на Кавадарци за кого се изјасниле 10,5 отсто испитаници, по него е, Арбен Таравари на Гостивар со 7,5 отсто и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски со доверба од 6,8% од испитаниците. Прашани за која политичка партија ќе гласаат на локалните избори, 22,4% од граѓаните рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6% за СДСМ.

Поддршката за ДУИ и Алијанса за Албанците е 8,0% односно 6,2%, а за Левица 5,2%.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски котира највисоко на оваа анкета од сите други градоначалници од редовите на СДСМ.

Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 17 до 24 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)