Анимирани филмови во Центарот за култура

Во рамки на проектот Нов културен бран во кој е вклучен и Центарот за култура Трајко Прокопиев кумановци утре можат бесплатно да проследат анимирани филмови. Настанот го организира Асоцијацијата на филмски дистрибутери по повод Недела на детски анимиран филм.

-Во среда од 11:30 часот го имаме филмот Неверојатна приказна за џиновската круша и втората проекција ќе се одржи од 13 часот тоа е Неверојатна приказна за Роби и Тоби така што влезот е бесплатен ги покануваме сите љубители на анимирани филмови, посебно малите деца да дојдат и да се забавуваат во центарот за култура-истакна Маргица Станисављевиќ од Центарот за култура.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)