Анита Ѓорѓиеска ја освои титулата вешта жена во градот

Со подготовка на староградска трпеза традиционална за Куманово, од рецепти кои биле карактеристични за почетокот на 20-от век,  магистар виш кустос во Музеј Куманово, Анита Ѓорѓиeска викендов победи на манифестацијата Вешта жена 2017, која се одржа во градот. Нејзината трпеза за најдобра меѓу шест учеснички на 25-тото издание на оваа препознатлива манифестација, ја прогласи стручно жири од Скопје, Струмица, Тетово и Струга. Ѓорѓиeска раскажа дека за неа готвењето е уметност, еден вид јога за која е потребна внатрешна концентрација, мир, но и љубов.

-Jас ја работам градската култура или културното живеење во Куманово така што сето ова е во тесна врска со мојата работа во музејот. Беше прикажан рецепт полнети ржани лебчиња со пилешко соте кои беа декорирани и имав десерт Васина торна рецепт од 1908 година која беше украсена со цветови од крин, всушност белиот крин ми беше заштитен знак на целата оваа трепеза, тој беше присутен и во икебаната и на тортата можам да кажам дека самото цвеќе означува чистота, невиност, безусловна љубов и самото цвеќе во себе содржи вера, надеж за поубаво утро-посочи таа.

Иако за прв пат учествуваше, Ѓорѓиеска со своите специјалитети успеа да ги освои симпатиите на жирито, но и публиката, и да го претставува градот на државниот натпревар, кој ќе се одржи на 12-ти мај во Тетово.

-Имаше доста добра конкуренција на самата манифестација инаку на идеа од моите пријателски јас бев пријавена тука, да ја поздравам главната организаторка Добрила Пановска која е заслужна за оваа манифестација веќе 25 години постои и Жана Стојановска која е главна на самата организација на ниво на Македонија. Да не се овие две жени ова не би ни постојало вклучувајќи ги и останатите. Можам да ги пофалам и останатите учеснички имаа навистина многу добра трпеза, сите бевме победници, добивме по некоја награда, дали за десерт, аранжман или целата маса, јас бев одбрана да продолжам понатаму и да се натпреварувам во Тетово.

Ѓорѓиеска посочи дека државниот натпревар е уште еден предизвик за неа. Истакна дека е најважно дружењето, запознавање нови пријатели и слично.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)