Ансамблот „Рушит Шаќир“ го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир”-Куманово, а под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово се одбележа 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите. Овој ден се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите и претставува еден од најважните датуми во историјата на овој народ. Заложбите на Општина Куманово се насочени кон целосна социјална интеграција на ромската заедница, со цел да се оствари визијата на ромскиот народ за еднакви чинители во социјалниот живот во рамките на општеството, интегрирање во општествените текови и подигање на нивниот менталитет, согласно со останатите етнички заедници. На настанот беше промовиран краток документарен филм за монографијата „Еден човек за еден народ”.

Коментари

коментар(и)