Апасиев: Изборниот модел е убиствен за малите партии

Предлагаме радикални реформи, бидејќи сметаме дека состојбата е до тој степен животозагрожувачка во државата. Неопходна е една изборна единица, изборниот модел е убиствен за малите партии. Ова го посочи претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој викендов се сретна со кумановци. Апасиев дополни дека се залагаат секоја партија да настапува самостојно на изборите.

-Изборниот модел е убиствен за малите партии бидејќи хипотетички вие можете да имате 8-9.000 гласови во изборна единица а да немате пратеник. Затоа ние се залагаме за една изборна едница во реформите кои што ги предлагаме на ниво на програма имаме радикални реформи бидејќи оценуваме дека ситуацијата е до тој степен животозагрожувачка за републиката што благите реформи не се доволни. Имаме многу 9 подглавја во програмата, секторски поделена мислам дека ја имаме една од најдобрите програми, укинување на патни трошоци за пратеници, зголемување на минимална плата, намалување на часовите за работа од 8 на 6 часа на ден, намалување на услови за одење во пензија, една социјална и национална програма која ветува подобра иднина-посочи Апасиев

Пред присутните се обрати и Реџеп Исмаил-Хактан, носител на пратеничка листа во Изборна Единица 2 на Левица.

Тука пред се е градот каде што е почната државата, идеалите на АСНОМ се одбранети тука, Куманово е еден од градовите каде што е почната антифашистичката борба и овој пат Куманово ќе придонесе во борбата и ќе ја порепознае политичката сила која сака да ги врати асномските идеали во државата. Мислам дека кумановци ќе го препознаат тоа-нагласи тој.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)