Апел за помош на 7 годишниот Александар

7 годишниот Александар Додевски од населбата „Иго Тричковиќ“  боледува од цироза на црниот дроб. Иако првите симптоми се појавуваат уште на шестмесечна возраст, ова хронично прогресивно заболување е дијагностицирано во јули минатата година и оттогаш започнуваат редовните контроли и терапии на клиниката за детски болести. При последната средба со лекарите на Нефрологија, Кардиологија и Гастрологија на мајката на Александар и е кажано дека болеста многу напредува и треба да се направи трансплантација на црниот дроб.

-Сега очекуваме од страна на докторите да направат конзилијарно мислење и да ни јават за да можеме да ја доставиме целата документација во фондот. Така ни е кажано дека е потребна брза интервенција за да можеме да ја спасиме јетрата за да не настане влошување и на состојбата на бубрезите , веќе и бубрезите се многу зголемени , веќе може да дојде и до откажување на бубрезите,  изјави Јасмина Додевска, мајка на Александар

Јасмина се уште нема конкретни информации колку ќе чини операцијата и колкав дел ќе покрие фондот. Таа е самохрана мајка со три малолетни деца, а од нив  и 10 годишната ќерка има иста дијагноза како и братчето Александар, но кај неа  болеста  не е во толку напредна фаза. Мајката од лани не работи бидејќи мора да е грижи за редовната терапија на децата. Месечните приходи на ова семејство се 13.000 денари по основ на посебен додаток за децата.

-Јас финансиски не сум во можност да обезбедам голема сума на пари од каде што и ни е кажано дека се бара голема сума на пари за трансплантација. Најверојатно станува збор како што сум информирана  за околу 100.000 евра, што јас самата не можат да ги обезбедам тие средства. Затоа ги молам граѓаните кои се во можност да помогнат за да направиме трансплантација за да биде успешна, изјави Додевска.

Операцијата според информациите на Јасмина, ќе се прави во странство. Јасмина очекува дека набрзо ќе биде закажана трансплантација ,а во меѓувремеискрено се надева дека  граѓаните, бизнис заедницата, институциите  ќе помогнат да се спаси еден детски живот.

Коментари

коментар(и)