Арбанашко, Кокино и Длабочица викендов беа зафатени од голем пожар

Голем пожар викендов беснеел во атарот на селата Арбанашко, Кокино и Длабочица на подрачјето на општината Старо Нагоричане, а тамошните пожарникари излегоа вистински херои кои со возило старо 57 години успеале да го изгаснат огнот кој зафатил над 10 километри површина.

Во пожарот горела нискостеблеста дабова шума, сува трева и деградирана нискостеблеста шума.

– Во 14:11 часот јавено е на ТППЕ-Куманово и е побарано е да стапаат во контакт со колегите од Старо Нагоричане и да им пружат подршка и помош во гасење на пожар. Во 14:20 часот е јавено на АД Шумско Стопанство Куманово, остварен  е контакт со одговорно за пожари и побарано е од истото да стапи во контакт со пожарникарите од Старо Нагоричане и да испратат екипи на терен согласно Опертивниот план за постапување во справувње со пожари. Во 14:25 часот контактиран е и раководителот на подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување Куманово и во целост му е доставена усна информација за настанот, велат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Сепак, не е наведено дали сите овие институции излегле во пресрет на гаснењето на огнот.

Околу 15:10 часот РУЦК добива информација од командирот на единицата во Старо Нагоричане дека пожарот е локализиран, а екипите ќе останат таму до негово целосно ликвидирање, поради опасност истиот повторно да се активира.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)