Армијата донираше прибор за учениците со попреченост

Претставници на Здружената оперативна команда, предводени од бригадниот генерал, началник на Штаб, Орце Јордев, денеска го посетија основното училиште Браќа Миладиновци каде настава следат учениците со попреченост. Тие им донираа училишен прибор, во пресрет на Денот на Здружената оперативна команда, 17-ти октомври. Директорката на училиштето Браќа Миладиновци, Марина Манојловска истакна дека соработката со армијата трае неколку години.

-Не е прв пат да донираат и минатата и пред минатата година исто така беа. За прв пат оваа година во овој состав и на ова ниво, сега учествува и бригадниот генерал Орце Јордев ние сме пресреќни што можеме да ги пречекаме и да се заблагодариме на нивната донација и децата беа среќни што видоа за прв пат генерал. Тој им се обрати на начин кој сосема пригодно им ги подели и подароците и децата се пресреќни-нагласи Манојловска.

Таа се надева дека соработка со Армијата ќе продолжи и во иднина.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)