Арсиќ: Да ја прочитаме, а не да шпекулираме со стратегијата

Барање за свикување итна седница до денеска не е поднесено од ниту еден советник до Советот на општина Куманово, објасни првиот човек на овој орган, Александар Арсиќ, по вчерашната конференција на советничката група За подобра Македонија на која побараат советниците да расправаат за стратегијата и акциониот план на Владата за интеграција на мигрантите. Тој потенцираше дека согласно член 29 од статутот на општината, истите ги свикува претседателот на своја иницијатива, на барање на градоначалникот или најмалку една четвртина од членовите, што значи дека нема оправданост за истата. Арсиќ истакна дека сите заинтересирани првата нацрт верзија на новата стратегија може да ја видат на страницата на Министерството за труд и социјална политика, потенцирајќи дека секој кој што е заинтересиран може да учествува во нејзината изработка. Додаде дека истата е продолжение на стратегијата донесена од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2015 година.

-Морам да кажам дека во оваа нацрт статегија никаде не е стои и нема да стои дека ќе се градат нови станови, кампови, ќе се даваат државјанства на кој било кој не припаѓа во Македонија или пак некои други насоки кои не се во интерес на граѓаните. Морам да кажам дека тоа се гледа и со фактот дека во Македнија 2016 година во март кога веќе се заврши оваа бегалска криза во камповите во Гевгелија и Куманово имаше 1600 бегелаци додека денеска има само 40, 13 се во кампот во Гевгелија и 27 во кампот во Табановце. Тоа ни покажува дека бегалската криза веќе е завршена и бегалците не се тука за престој туку само како транзит-посочи тој.

Претседателот на Советот, приложи документ од како што тврди тогашниот министер Спиро Ристовски, кој гласи до општина Сарај, а во кој се бара одобрение за изградба на 100 станови за сместување на бегалци и социјално загрозени лица.

-Согласно задолженијата од 224 седница на владата министеството за транспорт како најсоодветно решение за гореспоменатиот проект ја предложи градежната парцела кп 10 373 во општина Сарај. Со ова се гледа дека претходната влада веќе има најдено и земјиште и средства за изградба на 100 станбени единици така ги замолувам сите кои мислат добро на граѓаните да можат да работат само позитивно да не шириме дезинформации и негативна кампања со што ќе се влее страв кај граѓаните на општин а Куманово и Македонија-нагласи Арсиќ.

Инаку претседателот на Советот нагласи дека на редовната седница која ќе се одржи на крајот месецов, секој советник има право да го дополни дневниот ред со нова точка за која смета дека треба да се расправа.

 

Коментари

коментар(и)