Арсиќ: Непречено функционираат Советот и локалната самоуправа

Со измените на Изборниот законик се овозможи непречена работа на Советот и локалната самоуправа, објасни денеска првиот човек на Советот на општина Куманово, Александар Арсиќ. Тој соопшти дека наредната седница на Советот ќе се одржи на 19-ти јуни. Додаде дека општината преку администрацијата и понатаму  ќе овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон и остварување на потребите и интересите на граѓаните.

-Во службениот весник на Република Македонија бр 67 од 1 јуни оваа година излезе Законот за изменување и дополнување на изборниот законик каде согласно член 1 во изборниот законик во членот 16  став 1, зборивте во прва половина во мај, се заменуваат со зборовите во прва половина на октомври. Исто така согласно член 2 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот Законик по членот 196 ј се додава членот 196 кој гласи, мандатот на советите и граодначалниците од изборите одржани на 24 март 2013 година трае до изборот на новите членови на советите и градоначалниците-посочи  Арсиќ.

Со измените и дополнувањата на изборниот законик Собранието на Република Македонија определи терминот за одржување на локалните избори да биде првата половина на месец октомври, а мандатот на советите и градоначалниците да трае до изборот на новите членови. Арсиќ нагласи дека во духот на транспарентноста во работењето и достапноста со граѓаните, и понатаму продолжува соработката и отвореноста кон секој граѓанин на општината кој има свој предлог, барање или одреден проблем.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)