Арсовска: Се грижиме за лицата со попреченост

Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост, го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 проценти од просечната плата, воведовме право на траен надоместок за родител кој има дете со попреченост до неговата 26 годишна возраст, тоа покажува дека се грижиме за овие лица, истакна на денешната прес конференција Александра Арсовска од СДСМ.

Оваа власт се грижи за лицата со попреченост и тоа го потврдуваат мерките кои што ги презедовме, како воведување право за надоместок за лица со интелектуална попреченост, зголемување на надоместокот за скратено работно време до 50 проценти од просечната плата, се дел од работите кои што ги посочи на денешната прес конференција Александра Арсовска од СДСМ.

-Воведовме право на траен надоместок за родител кој има дете со попреченост кое го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст. Сите деца со попреченост се извадени од институциите и се згрижени во групни домови. Ја гарантираме персоналната асистенција и услуга за одмена во домот. Ангажирани се околу 300 образовни и лични асистенти за потребите на учениците со попреченост-истакна таа.

Арсовска посочи дека почитувањето на различностите и прифаќање на лицата со попреченост како дел од човечката разноликост, борбата против дискриминацијата, целосното и ефективното учество и нивното вклучување во општеството, пристапноста и еднаквите можносите, се основните принципи врз кои како одговорна партија се залагаат и даваат целосна поддршка за нивно имплементирање.

-Во Куманово имаме организации кои се грижат за таквите лица, а ние како општество сме тука да бидеме рамо до рамо со нив да им помогнеме, да ги советуваме и да ги вклучиме во општеството бидејќи само заедно можеме да изградиме свет кој ќе биде поубав за секој од нас-дополни таа.

Арсовска дополни и дека секој поединец е посебен и заслужува шанса и еднаква можност за остварување на своите права.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)