Асфалтиран пат во Табановце

Жителите на селото Табановце добија нов асфалтен пат. Градоначалникот Зоран Дамјановски, кој заедно со претставници на локалната самоуправа денеска беше во работна посета на Табановце, потенцираше дека за решавање на ова инфраструктурно прашање  одвоени  се околу 8,5 милиони денари од донаторската сметка на УНДП , а  станува збор за асфалтирање на пат од 1400 метри , кој се спојува со маалото Сланиште, во непоредна близина на транзитниот центар.

-Овој инфраструктурен објект  ќе се доврши овие денови со банкини и се она што е потребно за пуштање во употреба на патот. Има направено и промена на вентили за водоснабдување  бидејќи овде  еден од главните комунални проблеми е  губиток на вода, а ќе извршиме  и хлорирање на водата, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Жителите на Табановце се задоволни од инвестицијата во нивното населено место, но сепак сметаат дека приоритет е канализационата мрежа.

Комплетната реализација на овој проект ќе биде промовирана после 20-ти јануари, во присуство на претставници на европската канцеларија и УНДП. Тогаш ќе бидат објавени и сите донации и проекти во врска со мигрантската криза, кои што биле поддржани од Европската унија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)