Асфалт доби улицата „Перо Стојмановски“

Улицата „Перо Стојмановски“, која се наоѓа во близина на џамијата во населбата Тоде Мендол доби асфалт. За реконструкцијата на истата од општинскиот буџет се одвоени 2.400.000 денари. Претходно беше поставена канализациона мрежа, која чинеше 1.100.000 денари.  Активноста е дел од развојната програма на локалната самоуправа за тековно одржување на комуналната инфраструктура во градот.

-Тоа  е една улица која мигрира голем број на станбени единици, должина е околу 300 метри, ги поврзува  Тоде Мендол и улицата Доктор Рибар покрај Серава. Во соседство е решена улицата Севдо Станковски а во тек е и изградба по завршување на канализационата мрежа и приклучоците на Перо Илиевски. Значи сите овие улици се завршени Романовска и оној дел на решавање на проблемите на оваа населба која има отворен голем број на комунални инфраструктурни проекти-истакна првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.

Мештаните нагласија дека се задоволни што конечно се реши нивниот долгогодишен проблем.

-Улицата заедно со соседите ја правевме но тоа пропадна, првин беше поставена канализација па асфалт, сега е добро-изјави еден жител.

Улицата  Перо Стојмановски е во должина од приближно 300 метри или 1.650 метри квадратни. Инаку во рамки на проектот од ИПА програмата се поставува нова канализациона мрежа на локалитетот Стари бараки.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)