Асфалт ќе добијат „6-ти април“ и „Анѓа Ранковиќ“

Улиците „6-ти април“ и „Анѓа Ранковиќ“ кои се наоѓаат во населбата Перо Чичо, наскоро ќе добијат асфалт и бекатон плочки. Градежна екипа денеска работеше на тампонирање на истите. Надлежните информираа дека улицата „Анѓа Ранковиќ“ на која ќе има делумно асфалт и бекатон плочки, треба да биде завршена до 15-ти месецов, додека уредувањето на „6-ти април“ ќе задоцни неколку дена поради поставување на канализациона мрежа.

– Тука имаме 6-7 домови кои имаат проблем со канализационата мрежа, тие имаат приклучено на повисоко ниво и сега инсиститираат тоа да се среди пред да се постави бекатон, што е разумно барање, но во моментот таква можност во тендерот немаме, и сега се организираат самите граѓани и на некој начин тие да набават сами цевки ние да помогнеме во адаптација на шахти тука течат преговорите за да можеме да им дадеме приклучок адекватен на висината на најниската точка и на тој начин мислам дека нема да има потреба со поставување на бекатон повторно да се корегира и копа-изјави првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски.

Овој зафат е дел од програмата за санација и одржување на патната инфраструктура во градот и периферијата.

Жителите се радуваат што по повеќегодишните ветувања, овој проблем ќе биде минато. Локалната самоуправа паралелно работи и на реконструкција на постоечката и поставување на нова канализациона мрежа  во градот и периферијата.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)