Атина Мургашанска поднесе кандидатура за градоначалничка

Актуелната претседателка на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска денеска информираше дека поднела кандидатура за градоначалничка. Предложената програма нагласува дека ја создала заедно со граѓаните.

-Среќен понеделник, среќна седмица ако по утрото, денот се познава! Утрово ја прифатив кандидатурата за Градоначалничка на Општина Куманово од моите сопартијци од месните одбори на СДСМ. Приложената програма ја создавав заедно со нив и сите сограѓани и е одраз на нивните приоритети и мојата визија за Куманово во наредниот четиригодишен период. Успешното раководење на Советот на Општина Куманово како прва жена претседателка, покажа дека е време за уште еден историски исчекор за прва Мајка на градот-напиша таа. 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)