Атлетичарите повторно најдобри во државата

Атлетскиот клуб Куманово повторно е прогласен за најдобар во 2018 година од Атлетската федерација на Македонија. Ова признание кумановскиот клуб го добива петта година по ред. Со признанија за најдобар младинец се закитии Милан Вељковиќ, а Филип Колевски е прогласен за најдобар тренер-екипно.

-Оваа сезона 2018 можеме да ја заокружиме како успешна година за Атлетски клуб Куманово имавме доста интернационални настапи на атлетичарите од нашиот клуб, на државно ниво тука со години наназад можеме да се пофалиме со многу титули први места, освоени купови, мислам дека 4 та година по ред го  освојуваме сенеорскиот куп на Македонија-нагласи атлетичарката Катерина Тимчевска.

Тренерот Колевски истакна дека признанијата треба да бидат поттик и за младите атлетичари.

-Едноставно доказ дека не беше случаен успехот што се направи од клубот, што ова веќе се случува, со поставување државни рекорди до постојани настапи за репрезентација младински и сениорски машки, женски, поставивме добра основа и се надевам дека и понатаму ќе биде продолжено овој начин дека дополнително со овие млади деца ќе можеме да постигнуваме уште поголеми успеси-нагласи тој.

Атлетскиот клуб Куманово на државно ниво годинава го освои сениорскиот куп во сите три категории машка, женска и севкупно. Кумановските атлетичари настапуваа и на балкански и европски првенства. Од клубот се надеваат дека и наредната година ќе повторат овој успех  ќе продолжат да поставуваат државни рекорди.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)