Атлетичарите со нови шест медали

Атлетичарите од атлетски клуб Куманово повторно со нови успеси. Тие настапија на националното првенство за пионери кое се одржа викендов, при што освоија шест медали.

Најголем успех забележа Теа Алексовска со освоено 2 први места во фрлање ѓуле и диск. Покрај неа златен медал освои и Лина Аневска во скок во височина.

Со сребрени медали се закитија Михаил Строшевски и Христијан Златановски. Машката штафета ја сочинуваа Горазд Кимевски, Јован Чоробенски, Махаил Стошевски и Христијан Златановски кои освоија 2 место.

Коментари

коментар(и)