„Афродита трча по ветерници“ од Сања Атанасовска

„Афродита трча по ветерници“ е новата стихозбирка на поетесата Сања Атанасовска од Куманово. Книгата содржи педесетина песни во кои доминира љубовниот мотив, а тие се поделени во три циклуси „Шест песни за Афродита“, „Трчање по ветерници“ и „Мирно море“.

-Првото поглавје е малку автентично затоа што во тие шест песни, во тој еден циклус давам еден печат на времето во кое што денес живееме како луѓето денес трчаат. Пишувам за женски лик, при тоа намерно го именувам со име на Божица сите знаеме која била Афродита, Афродита трча по ветерници, со тоа го објаснувам нашето брзо темпо на живот, нашата трка по пари, колку во таа наша трка по материјални добра колку всушност ние забораваме на духовното и на крајот низ тие шест песни тој лик на Афродита доживува своевидна катарза со што сакам да порачам дека сите на крајот на денот сме исти, мали обични луѓе кои на моменти, можеме да бидеме многу силни и цврсти меѓутоа некогаш да бидеме и кршливи-раскажува авторката.

Според авторката човекот не треба по секоја цена да го форсира успехот. Идејата за книгата се родила во текот на 2019-та година.

-Дури во тие шест песни некаде спомнувам пишувам и за таа Афродита со доза на сарказам, со тоа што сакам да порачам дека не секогаш голем стан значи дека човек е среќен. Пишувам за 100 квадрати самотија, човекот може да има материјални добра, меѓутоа емотивно и духовно да не биде исполенет-посочува таа. 

Атанасовска укажува дека љубителите на пишаниот збор стихозбирката можат да ја најдат во градската библиотека Тане Георгиевски. Таа веќе размислува и за ново дело. Инаку ова е нејзина петта збирка. Претходно ги објавила „Писмото на десетте прсти“, „Тапија од животот“, „Стаклена градина“ и „Шафране мој“. „Стаклена градина“ има и аудио верзија. Авторката е добитник на наградите „Лесновски ѕвона“ и „Караманов“.Нејзини песни се препеани на повеќе странски јазици.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)