Бавно се спроведува проектот за енергетска ефикасност

Надлежните од општина Куманово не се задоволни од досегашното спроведување на проектот за подобрување на енергетската ефикасност во градот. Од предвидените 5 станбени објекти  изминативе три години обновени се фасадите само на дел од две згради. Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека здружението за хумано домување „Хабитат“ незаинтересирано се однесува кон Куманово,  но не знае која е причината. „Ние понудивме како општина да помогнеме преку социјален пакет на ранливите категории кои не можат да одговорат на барањата на Хабитат и со тоа да покажеме волја дека сакаме да соработуваме“- рече Дамјановски.

Според Горан Митевски, одговорен за проектот, причината за одолговлекување на проектот е економската состојба на граѓаните.

– Не можат да одговорат станарите на условите кои што се пропишани од страна на Хабитат, меѓутоа затоа и сега ние правиме еден последен обид за да можеме да се вклучиме како општина Куманово да помогнеме во реализација на овој проект да помогнеме на тие ранливи социјални категории на жители на Куманово каде што би можеле да одговорат на потребите и барањата на Хабитат и на самиот проект, изјави Горан Митевски, одговорен за проектот

Дел од советниците велат дека со проектот треба да бидат опфатени повеќе станбени објекти во централното градско подрачје, но претходно да им се објасни на граѓаните што добиваат доколку се вклучат во оваа активност.

– Многу малку ни е познато што се случува со овој проект, дознавме дека тој е од 2010 година, меѓутоа како што гледаме не само на советниците, туку и на граѓаните не им е јасно. Отсега е добро службата односно луѓето кои сега се мачат да објаснат што значи проектот за општина Куманово, можеби многу подобро е да се сними реклама која ќе ја гледаме секојдневно на телевизиите на град Куманово и да се објасни како сме први во РМ, како вакви кредити со еден процент од каматна стапка која нема никаде во светот дека сме први во Европа, така што граѓаните секогаш ќе имаат во предвид како сме најдобри како општина, изјави Александар Арсиќ, советник од СДСМ

– Ова е за граѓаните една отплата која што е многу долга и не бара некои посебни издатоци во смисла да не можат граѓаните да го поднесат тоа, имаше и досега во куманово, првата фасада која беше правена и кровната конструкција,  тие станари се задоволни, другите во другите влезови не влегоа во тој проект и нивниот дел од зградата остана без обнова. Нема потреба да се рекламира, туку ќе си аплицираат граѓаните, кој ќе добие, што и како, мисла дека центарот на градот е најподготвен за реновирање на фасадите и милсам дека тој дел треба да биде опфатен најмногу, изјави Драги Караџински, советник од ГРОМ

Енергетската ефикасност на домувањето е значајна од повеќе аспекти, тврдат надлежните. Од една страна овозможува заштеда на енергија што е значаен приход на станарите, а од друга страна придонесува за естетско уредување на градот.  Проектот за енергетска ефикасност го спроведува општина Куманово во соработка со „Хабитат “и во договор со куќните совети на станбените објекти. Нејзиното учество е околу 20 проценти од вкупниот износ на проектот, а останатиот дел го покриваат Здружението за хумано домување и УСАИД кои имаат обезбедено средства за кредитирање, односно на станарите им се нудат кредити со 1 процент каматна стапка на 10 години.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)