Бадник – празник на пост и молитва

Православните верници утре го слават Бадник, денот пред  роденденот на Исус Христос  според христијанската традиција. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Според свештените лица, православните христијани се наоѓаат во период на исчекување на раѓањето на Исус Христос.

-Празникот Бадник е настан со кој што се подготвуваме за Христовото раѓање, ден кој што треба да го поминеме во пост и во молитва, за што подостојно и што блиску да го пречекаме тоа славно христово раѓање, кое што има исклучително значење за нас православните христијани во црквата, а тоа значи дека бог стана човек за да може ние луѓето да станеме богови по благодет, оттука извира сета таа рождественска радост кај нас православните христијани за што подостојно да го пречекаме раѓањето на Исус Христос, изјави Игор Крстев, свештеник

Во соборниот храм „Свети Никола “ на Божиќ ќе се служи света божествена литургија. Граѓаните масовно ги посетуваат црквите во градот и околината за да се помолат за здравје, среќа и благосостојба.

-Човечкиот род беше во големо исчекување да може да го види бога со своите очи и како дар од бога го добивме тој дар да го видиме богомладенецот христос. Бог толку се снижи односно се понижи пред нас луѓето прими човечко тело иако немаше потреба од такво нешто туку заради нас луѓето пред се од љубов, кон целото свое создание, бог зеде човечко тело за да можеме ние луѓето да го познаеме Бога и само на тој начин и опреку овој празник на раѓањето Христово ние можеме да ја оствариме таа средба односно таа заедница со Бога, изјави Игор Крстев, свештеник

Божик е највесел православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и се слави три дена. Според народното верување на масата за Божиќ треба да има од се по малку – за годината да биде бериќетна

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)