Балетската претстава „Либертанго“ наскоро во Куманово

Првенци, истакнати солисти, како и целиот балетски ансамбл при Македонска опера и балет утре наскоро, односно на 16-ти месецов во Куманово ќе ја изведат балетската претстава „Либертанго“.

Настанот се реализира во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Композитор на претставата е Астор Пјацола, кореограф Сабриба Боско, костимографија и сценографија на Александар Ношпал, а под режисерска палка на Наташа Поплавска.

„Либертанго” не води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц кој го достигнува пиедесталот на светската танц сцена.

Влезот на оваа претстава ќе биде бесплатен, но со претходно подигање на билетите на билетарницата на Центарот за култура. Балетската претстава започнува во 20 часот.

Коментари

коментар(и)