Бандера во близина на училиште опасност за ученици и граѓани

Дрвена бандера на улицата Веселин Маслеша, во близина на дворот на основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, е налегната и претставува опасност за учениците и сите минувачи.

Граѓаните кои што живеат таму, а не сакаа да зборуваат пред камерата на телевизија Плус, истакнаа дека бандерата се навалила вчера напладне и ги зафатила и останатите жици. Нагласија дека за проблемот ги информирале надлежните, но тие си ја префрлаат топката од еден на друг.

Дополнителен проблем е што покрај навалената бандера постојано поминуваат ученици, а уште од вчера никој не извршил увид на теренот.

Директорката на основното училиште Христијан Карпош каде се образуваат околу 1200 ученици, Лидија Костиќ потврди дека се работи за сериозен проблем, за што мора итно да се реагира.

-Утрово околу 06:45 часот пред доаѓање во училиште ја забележав бандерата се наоѓа веднаш до оградата на училишниот двор. Доста е опасна, скршена, лежи на жици, колку можев погледнав дали е електрична енергија или кабли не разбирам, дојдов во училиште со помошник директорот разговаравме, тој ми кажа дека е опасно како и да е, може да падне самата бандера и да повреди некого. Се јавивме до ЕВН, ни кажаа дека уште вечерта месното население пријавило но еве сега е веќе 12 часот, бандерата се уште е во иста состојба, а цело време има фреквенција на ученици. Пред малку повторно се јавив кај ЕВН, рекоа дека ќе пратат екипа и чекаме да видиме што ќе се преземе. Само да не чекаме да се случи некоја незгода па потоа да интервенираме-истакна таа.

Од ЕВН  иако се обидовме не успеавме да добиеме одговор. Додека се бара сопственикот, бандерата претставува закана  за учениците, жителите и сите минувачи на крстосницата на Веселин Маслеша.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)