Бањата Стрновац ќе се издава под концесија

Термоминералниот извор Стрновац во општината Старо Нагоричане ќе се даде под концесија.  Заменик министерот за економија Христијан Делев денеска при посетата на бањата ги повика приватните стопанственици да се пријават на огласот за доделување концесија за експлоатација на термоминералниот извор кој што ќе биде објавен за две недели.

– Од овде сакам да порачам еден апел до бизнис заедницата да се пријават на овој оглас бидејќи ќе ја издаваме под концесија термоминералната вода а паралелно со општината се урбанизираат и 5 хектари земјиште кое што треба да се даде по едно евро почетна цена за изградба на хотели, спа центри и велнес центри, изјави Хриситијан Делев, заменик министер за економија

Туризмот во Македонија последниве девет години бележи енормен раст, секоја година повеќе од 10 проценти, но сепак тој раст е лимитиран заради тоа што е концентриран на езерскиот туризам, нагласи Делев. Бидејќи во државата постојат повеќе неискористени локалитети со термоминерална вода во наредниот период ќе се стремиме и нив да ги заживееме и да го развиваме спа и велнес туризмот, рече заменик министерот. Стрновац е еден од тие извори.

-Во иднина овој комплекс ќе заживее и ќе добиеме конечно спа центар кој во иднина ќе биде туристичка дестинација, изјави Милован Стојковски, градоначалник на Старо Нагоричане

Бањата Стрновац за која се смета дека лекува ревматски и инфективни заболувања, како и состојби после повреди е со температура од 39,5 степени . Дневно ја посетуваат од 200 до 300 капачи. Бањата Стрновац по лековитоста се поистоветува со бањата во Бујановац.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)