БДА компани- препознатлив бренд во месната индустрија

Стотина компании веќе ги користат услугите на првата приватна акредитирана лабораторија за микробиолoгија и паразитологија на компанијата БДА во Куманово. Лабораторијата работи по најсовремените светски стандарди , која дава високо професионални резултати, со вкупно 19 методи за испитување. Кланица БДА компани како една од најреномираните стопански субјекти во градот и државата за долгогодишно успешно работење во областа на месната индустрија, преку производството и пласирање на свежо месо и преработки на месо и месни производи , годинава го доби и највисокото општинско признание „Ноемвриска награда“.

– Во првите три месеца има голем интерес од наши компании, имаме повеќе од сто фирми, поголеми компании кои што користат услуги за испитување на своите производи. Претежно имаме производи што се произведуваат во Македонија, но и голем број на увезени материјали, храна, месо, чоколади, млеко во Македонија. Интересот е голем, имаме доста клиенти, така што се надеваме дека во наредните месеци уште повеќе ќе се прошириме и во однос на добивањето на поголем број на клиенти и уште повеќе акредитирање и проширување на лабораторијата во однос на гасовата и течна хроматографија односно за хемиски анализи и проширување на голем број други акредитирани методи, изјави Најден Бајдевски, сопственик на Кланица БДА компани

Акредитацијата е издадена од Институтот за акредитација на РМ, со седиште во Скопје, посочува сопственикот на компанијата БДА ,Најден Бајдевски. Компанијата ги има поминато сите ПТ тестови. Имено, секоја бактерија има светска референтна лабораторија, на пр. за трихинела спиралис во Рим, за листерија во Лондон, за клостридиум во Њујорк и други светски центри, што претставува огромен успех во однос на сите акредитирани лаборатории во регионот и пошироко. Добиените резултати се сто отсто прецизни.

-Една лабораторија да биде акредитирана треба да ги исполни сите правила на процесот на акредитација кои што ги одредува Институтот за акредитација на РМ кој што воедно е и потписник и на меѓународните акти за акредитација на лаборатории. Да се акредитира една лабораторија мора да биде исполнет стандардот 17025  ISО 91. Во однос на стручноста и оспособеноста на персоналот , сите вработени во лабораторијата мора да поминат  обука, да имаат соодветно образование. Обуката  се врши и во Македонија, но најголем дел во странство. Сето тоа е еден многу комплексен процес, да се поминат  PT тестови на светски референтни лаборатории, да ти се прифатат резултатите мора да се поминат сите тие светски референтни лаборатории во кои што се тестираат фактички лабораториите кои што добиваат акредитација. Тоа е еден од условите, иако има и други и сето тоа е еден сложен комплексен процес за кој што треба доста време и доста средства за да се помине. Ние сме меѓу првите акредитирани лаборатории кои што ги имаат покрај  неколку државни лаборатории што имаат толкав голем опсек на акредитации. Имаме 19 методи акредитирани за испитување на вода, храна , млеко, млечни производи, жито, житни производи, сточна храна, воздух, значи  освен риба- хистамини немаме акредитирано, комплетна микробиологија на вода и храна е акредитирана, изјави Бајдевски.

За реализацијата на сите тестирања потребна е софистицирана и скапа опрема која што компанијата БДА ја набавила од Израел и Италија, за која се вложени големи финансиски средства.

-Кај нас може да се испита, да се направи анализа со врвен квалитет. Има голем број приватни бунари во кои што водата е многу лоша, а се користи. Најдобро е да се испита, испитувањето е многу евтино. Прво треба да се земе шише стерилно од кај нас, да се испита водата и за неколку денови ќе се добијат резултатите. Најдобро е да се пие хлорирана вода, но таму каде што нема услови за хлорирана вода, се препорачува водата да се испита, изјави Бајдевски.

„Ова е голем успех не само за нас како компанија, туку и за градот, а пред се голем напредок во процесот на производство на храна. Мониторингот е квалитет во процесот на производството и во иднина ќе се надградуваме , потенцира Бајдевски.

Компанијата постои од 2006-та година. Во изминатите години со голема посветеност и професионалност на менаџерскиот тим успеа да се наметне  како препознатлив бренд на домашниот и странскиот пазар во месната индустрија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)