„Бегалка“ утревечер во МКЦ

Членови на драмската секција во здружението на пензионери „ Куманово“ утревечер ќе ја изведат претставата „Бегалка“ односно  „Ленче кумановче“. Драмскиот текст „Бегалка“  секогаш предизвикува интерес во градот без разлика дали станува збор за повозрасната или помладата публика. Годинава, присутните ќе имаат можност да ја гледаат пиесата „Ленче кумановче“ во режија на археологот и поранешен директор на кумановскиот Музеј, Јовица Станковски, режисер -аматер, исто како што се и актерите од драмската секција, една од најактивните  во здружението.

-Оваа пиеса досега е поставува неколку пати од аматерската драмска секција на здружението таа е на некој начин зашттен знак на драмската активност во градот, така што градот е добро запознаен со активностите на здружението на пензионерите, посебно околу изведбата на оваа пиеса, која секогаш ја изведуваме пред празникот Прочка. Се разбира дека актерите кои шти учествуваат во оваа пиеса, ги немаат можностите и знаењата на професионалните актери, меѓутоа тоа го надополнуваат со еден огромен ентузијазам, со максимално залагање и тоа е нешто што навистина треба да се почитува, и заради тоа и јас кога ја добив поканата да ја режирам пиесата бев на некој начин почестен, бидејќи станува збор за аматери но се внесуваат во претставата, а и декорот го изработија  самите. Мислам дека на нивниот ангажман и ентузијазам можат да се угледат и професионалните катери, изјави Јовица Станковски, режисер –аматер

Темите кои што се обработуваат во пиесата се добро познати на кумановскаста , но и на публиката пошироко во државата, љубовта, богатството, пријателството.

Се работи за пиеса која самиот автор ја нарекол комедија меѓутоа тоа не е комедија, туку тоа е една фрека, еден мозаик на градскиот живот во Куманово на почетокот на 20-от век, каде се испреплетени различни судбини, каде се присутни вечните теми, љубовта, верноста, богатството, пријателството, изјави Станковски.

Претставата ќе биде изведена утревечер со почеток во 18 часот на сцената на Младинскиот културен центар во градот.

Инаку, „Бегалка “ е драма во пет чина од македонскиот драмски писател Васил Иљоски. Дејството се случува во првата деценија на ХХ век во Куманово и ги претставува патријархалните и конзервативни односи во семејствата во тој период. Авторот за делото објаснува дека пиесата ја напишал за народот, за широките народни слоеви, со особено настојување на сите да им биде поблиска и разбирлива. Во неа се прикажува борбата против надживеаните и штетни традиции, обичаи и општествени стеги, како и жртвувањето за народот, за општото добро и напредокот, трагиката на животните тешкотии, бремето на социјалните судири и на економските кризи. Според Иљоски, народот сакал на сцената да види победа на вистината над лагата, на доброто над злото, победа на социјалната правда и човечноста.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)