Безбедност на новинарите на настани од висок ризик !!!

Редакциите да обезбедат соодветна заштитна опрема за новинарите, уредниците мора да ги информираат новинарите за околностите со кои ќе се соочат пред да бидат испратени на терен, новинарите со себе да носат соодветна легитимација и ознака која ќе биде поставена на видно место, новинарите треба да ги почитуваат специфичните наредни на полицијата , но доколку се наметне забрана тогаш новиварите треба да се групираат и да реагираат заеднички се дел од препораките за безбедност при известување, кои што беа посочените на вчерашната работилница организирана од Здружението на новинари на Македобија, МВР и Мисијата на ОБСЕ во РМ.

Исто така, беше потенцирано дека полицијата треба да има едукативен пристап , да соработува со новинарите на анстани од висок ризик и да им посочи како да се заштитат, да ги заштити истите и да обезбеди услови за непречено известување, а пак новинарите секогаш треба внимателно да го пресметаат ризикот и да ги следат одлуките на нивните поискусни колеги.

Кога станува збор за случаи на повреда на правата на новинарите и реакции на институциите , во последните четири години регистрирани се вкупно 50 напади на новинарите и сите без судска разрешница, во 22 случаи е пријавен физички напад, а во 14 случаи е пријавено заплашување, вербална закана, уништивање на имот -11 случаи, и по еден случај на апсење, незаконски притвор   и дискриминација .

Според МВР, новата влада во последната година се обидува да стави крај на политиката на неказнивост. За секој нов напад на новинар, полицијата водела брзи истраги со што се помогнало да се намали нивниот број.

ЗНМ, МВР и ОБСЕ сметаат дека најважно е да постои отворена комуникација помеѓу новинарите и полицијата без страв и во атмосфера на соработка, како и заеднички активности за подигање на професионалноста на двете професии ( новинари и полициски службеници) и подигање на свеста  на јавноста за важноста на истите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)