Бездомно куче касна човек во Соколански парк

Куче скитник касна човек во Соколански парк. Кумановецот којшто не сакаше да зборува пред камерата, вознемирено раскажа дека додека јадел храна, бил нападнат од бездомно куче. Вели дека секојдневно поминува низ овој парк и постојано гледа поголема група на кучиња скитници. Додава дека граѓаните не можат слободно да се движат бидејќи многу често кучињата ги напаѓаат. Случајот не го пријавил никаде, бидејќи смета дека нема да постигне никаков ефект.

– Седев во парк на клупа и јадев бурек од еднаш две -три кучиња ми се затрчаа почнаа да лаат и едното ме касна, за нога. Има многу можеби 20 кучиња скитници, не е безбедно ниту за мали деца.  Треба да се реши, нека викнат служба, бидејќи може да излезе посериозно-вели тој.

И останатите граѓани потврдуваат дека во Соколанскиот парк не е безбедно за движење. Тие апелираат до надлежните да преземат итни мерки пред да се случи трагедија.

-Често сум тука во паркот има премногу кучиња скитници, некои се вакцинирани некои не. Може да се случи да нападнат дете, каде да одиме да се жалиме, на кого-револтирано прашува еден граѓанин.

Кумановци раскажуваат дека голем број кучиња скитници може да се забележат  и на кејот,  Градскиот пазар, но и во центарот на градот, поточно во близина на поранешен Гарнизон. Од Секторот за инспекциски надзор при општина Куманово, посочија дека од денеска токму на оваа локација поточно во близина на техничкото училиште Наце Буѓони започнала акција за заловување на кучиња скитници. Истата е планирано да се спроведува зависно од капацитетите за третман во прифатилиште. Надлежните посочуваат дека вообичаено месечно имаат од 2 до 3 акции. Додаваат дека во соработка со ветеринарно сточарскиот центар Тодор Велков работат по пријави на граѓани.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)